Во Австралија откриено суштество со најмногу нозе – ги има над 1.300

Фото: Твитер

Австралиските научници открија членконого суштество кое има 1.306 нозе, најмногу од сите досега познати животни.

Според научниците, суштеството, кое досега не ѝ е познато на науката, е стоногалка која претставува „чудо на еволуцијата“.

Неколку примероци се пронајдени на речиси 60 метри под земја во областа Голдфилдс-Есперанс во рудник во Западна Австралија, каде се ископуваат злато и литиум.

Суштеството нема очи, има бледа боја, долго е околу 95 милиметри и широко помалку од еден милиметар.

Стоногалката се ориентира во околината само со допир и мирис. Живее во целосна темнина под земја меѓу парчиња железна руда и вулкански карпи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот