Во 2023 година 100.000 ваучери за одмор во Србија

Фото: Jerome Cid / Alamy / Alamy / Profimedia

Здружението „Моја Србија“ ги поканиа рестораните и хотелиерите да учествуваат во акцијата за доделување 100.000 ваучери за летување во Србија, што Владата го одреди преку буџетот за 2023 година.

Здружението смета дека Владата, годинава ќе најде дополнителни средства и ќе ја достигне квотата од 250.000 ваучери, кои според нивното искуство значително би ги задоволиле потребите на граѓаните на Србија. Граѓаните како и претходниот период за одмор, годинава ги избраа Златибор, Сокобања и Врњачка бања, но голем интерес имаше и за Пролом бања, Рибарска бања, Тара, Дивчибаре, Копаоник, како и за многу други места во Србија.

„Се надеваме дека заедно со ваучерите за летување кај нас, Владата ќе најде средства да започне кампања за дистрибуција на ваучери за набавка на домашни производи од малите производители од Србија“, изјави Милан Ристиќ од здружението Моја Србија и додаде дека овие две субвенции би формирале единствена целина што дополнително би го поттикнало развојот на внатрешноста на Србија.

Над 3.500 категоризирани угостителски објекти ќе им бидат достапни на граѓаните за субвенциониран одмор во текот на следната година. Очекувањата се дека во наредниот период во акцијата ќе се вклучат уште поголем број ресторани и дека приходите од туризмот повторно ќе бележат рекордни резултати, пренесува Данас рс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот