Внимавајте, салмонела е најчеста причина за труење со храна: Kако се пренесува и кои се симптомите?

Фото: Профимедиа

Летото е идеално време за буење и раст на бактерии, што значи дека треба да бидете повнимателни при складирањето и подготвувањето на храната. Салмонелата е бактерија која предизвикува труење, најчесто во летните месеци, но иако појавата на оваа бактерија најчесто се споменува во врска со месото, некои неодамнешни случаи на можна контаминација на кромидот и праските со салмонела ги загрижија научниците ширум светот.

Салмонелата најчесто ги напаѓа пилешкото, говедското, живината, млекото и производите од јајца, а Меѓународната асоцијација за заштита на храната известува дека појавата на салмонела кај живината сочинува приближно 19 отсто од случаите на салмонелоза, јајцата 14,8 отсто и говедското месо 7 отсто. Гастроентеролозите објаснуваат дека салмонелата се пренесува преку фекално – орален пат, при одреден контакт со овие производи, веројатно во процесот на миење со неизмиени раце, што доведува до вкрстена контаминација.

За да го намалите ризикот од зараза, добро измијте ги рацете пред и по ракување со храната. Бидете особено внимателни кога миете, бидејќи сировите сокови и течноста од самата храна може да прскаат и да ја загадат другата храна, садовите и површините. Миењето раце, одржувањето на кујната, добрата дезинфекција и избегнувањето на употребата на дрвени даски за сечење може да ве заштитат вас и вашето семејство од труење со храна предизвикано од оваа опасна бактерија. Темелната термичка обработка на пилешкото и другото месо е клучна за убивање на бактериите.

Салмонелата може да се шири од човек на човек, но почеста е во контакт со заразени животни.

Кои луѓе се во поголем ризик од заразување

Пациентите со ослабен имунолошки систем, дијабетес, срцеви заболувања, рак, болести на бубрезите, ХИВ или сида, генерално, имаат поголема веројатност да добијат труење со храна. Во поголем ризик од салмонелоза се и луѓето постари од 65 години, трудниците и децата под петгодишна возраст. Исто така, децата помлади од 5 години имаат трипати поголеми шанси да бидат хоспитализирани доколку добијат инфекција со салмонела.

Како да ја препознаете и како да се заштитите од салмонела?

Најдобар лек е превентивата – избегнувајте ги сомнителните производи и сите добро термички преработете ги. Треба да бидете многу внимателни при купувањето и приготвувањето на храната, како и да водите сметка за изгледот, рокот на траење и задолжително да обрнете внимание каде трговецот или продавачот на пазарот ја чува храната. Производите со сомнителен изглед и мирис, како и месото, кое е еластично на притисок, никако не треба да се купуваат. Освен тоа, мора да се води сметка за чистотата на садовите, приборот и на работните површини. Тоа значи дека готовата храна не треба да се сече на даска на која претходно било обработувано свежо месо.

Симптоми на салмонела

Лицата заразени со микроорганизми од храна можат да поминат без симптоми, да имаат само благи цревни нарушувања, но можат да завршат и со тешка состојба на дехидратација и со влошено општа состојба на организмот.

Вообичаените симптоми на труење со салмонела се зголемена температура, мачнина, повраќање и болки во стомакот. Откако бактериите ќе продрат во крвототкот, може да се случи кај заразеното лице да предизвикаат и многу сериозни последици, како сепса. Тоа се случува поради губитокот на течности и електролити, па пациентите неретко завршуваат во болница. Во поблага форма, кога во организмот ќе се внесе помала количина салмонела, симптомите можат да изостанат и присуството на оваа бактерија да се открие случајно при редовни здравствени прегледи. Во други симптоми спаѓаат: треска, главоболка, крв во столицата, повраќање и гадење, дијареја (пролив), болки во мускулите.

Природна помош – лук и цимет, доволно вода за дехидратација

Повеќето случаи на гастроентеритис поврзан со салмонела исчезнуваат за околу една недела без посебно лекување. Пациентите треба да пијат многу течности за да ги надоместат изгубените од дијареја (пролив) и повраќање. Во некои потешки случаи, или ако лицето е изложено на поголем ризик од компликации, може да се вклучат антибиотици за лекување на инфекцијата.

Во однос на природните лекови, некои студии покажаа дека антимикробните својства на етеричното масло од кора од цимет може да се борат против патогените соеви на бактерии кои ги споредувале антибактериските активности на различни зачини како што се ким, цимет и каранфилче, а друга открила дека циметот ја дава најдобрата антимикробна одбрана. Истражувањата исто така сугерираат дека антибактериските својства на лукот може да помогнат во лекувањето на салмонелоза и дека маринадите на база на лук може да ја намалат одржливоста на бактериите на салмонела во храната. Во секој случај, консултирајте се со лекар за употреба.

СОВЕТ: Храната која нема да се изеде треба брзо да се стави вo ладилник и да се чува најдолго пет дена. Ако некој сака подолго, се препорачува веднаш да се замрзне. А доколку треба да патувате, месото задолжително мора да се чува во ладилник, а уште подобро е да се откажете од транспорт на свежо месо и да се одлучите за конзервирани производи.

За да спречите развој на салмонела во текот на летото, следите ги овие упатства:

– Мијте ги рацете многу често, колку што е можно повеќе
– На децата посветете им големо внимание, и пред и после јадењето измијте им ги рацете, особено ако јадат надвор и ако претходно си играле
– По користењето на сирово месо, при готвењето, рацете секогаш измијте ги со сапун и топла вода.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот