ВМРО-ДПМНЕ: Заев и власта вршат притисок врз ДИК

Фото: Архива на „Слободен печат“

Тврдењето на претседатeлот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски дека ДИК е предмет на притисоци укажува дека имаме работа со власт која сака нерегуларни избори, наведуваат во соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

-Воедно изворот на таквите притисоци може да е еден и единствен, а тоа е власта во заминување и Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува сите форми на притисок врз ДИК од страна на Заев и власта. Бараме да ги тргнат рацете од институцијата и да ја остават да работи и одлучува согласно закон. Прво вршеа поткуп на гласови, Заев и неговиот брат Вице, а сега вршат притисок врз ДИК за нерегуларни избори- стои во соопштението.

Граѓаните мора слободно и демократски да ја изразат својата волја, велат оттаму, престојните избори се пресудни за нашата европска иднина.

-Изборите и изборниот процес мора да бидат спроведен соогласно законите, а на Државната изборна комисија да и биде дадено потребното време за да не се ускрати со устав загарантираното гласачкото право на ниту еден граѓанин- наведуваат во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот