ВМРО-ДПМНЕ: Покрај струјата ќе се покачи и цената на парното

ВМРО штаб / фото: Слободен печат / Драган Митрески

„Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтима струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна“, соопштуваат од Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат оттаму, наместо да копа јаглен, власта распипувала непотребни тендери во РЕК, а сега крадела струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра.

Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното. Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор“, велат од партијата на Мицкоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот