ВМРО-ДПМНЕ: Хирургот Османи свесно хируршки ја уништува македонската дипломатија, катастрофален избор на амбасадори, голем срам за државата

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагира на изборот на нови амбасадори, соопштението го пренесуваме во целост:

Свесното хируршко уништување на македонската дипломатија од страна на хирургот Бујар Османи се докажа и по синоќешната владина одлука за назначување на нови амбасадори. Изборот полош не може да биде, а поголем срам за тоа кој ќе ја претставува Македонија надвор од нејзините граници е уште покатастрофален.

Предлог амбасадор за ДКП Лондон е Катерина Ставревска, некогашен шеф на кабинет на Радмила Шекеринска. Вработените во МО сведочат за вршење на мобинг, а јавноста можеше со свои очи да види како Ставревска со својата шефица Шекеринска прават злоупотреба на државен хеликоптер за прошетка и дегустација на вина. И сето тоа врз грбот на граѓаните на Македонија!

Дали министерот кој ја донесе Македонија на работ на преживување како правната држава, Тупанчевски заминува за Белград затоа што не знае странски јазик?

Илјада евра месечно од буџетот на македонските граѓани не му се доволни на сега веќе идниот Амбасадор кој „пополнува место по потреба“, Андреј Жерновски, сега веќе назначен за амбасадор за Букурешт иако до пред месец дена беше предлог за Белград?!

Дали можеби тоа што Јакуп Реџепи, сега веќе предложен амбасадор на Македонија во Сараево, вујко на министерот за финансии, Фатмир Бесими е единствената причина за неговото назначување?

Дали Емил Крстевски или познат во јавноста како директор што од службен фб профил се заканува и навредува македонски граѓани, (Државен архив ) е соодветно решение за амбасадор во Прага, дополнително само затоа што неговата сопруга Сања Зоографска- Крстевска е се уште актуелен генерален конзул на Македонија во Мелбурн?

Скандал мајстарот Османи направи уште една хируршка хаварија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот