Влезници за натпреварот Англија – Македонија може да се купуваат до 15 јуни

фото: ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската А репрезентација и љубителите на фудбалот кои сакаат да ја бодрат нашата селекција на натпреварот на 19 јуни меѓу Англија – Македонија во Манчестер (од квалификациите за ЕП 2024), дека платформата, односно линкот ТУКА за купување билети се затвора во четврток, 15 јуни.

Билетите се по цена од 30 и 40 британски фунти. Билети за лица со попреченост можат да се нарачаат на следниот телефонски број: 0800 093 0824

На навивачите на македонската репрезентација кои се резиденти во Обединето Кралство билетите по купување ќе им бидат доставени до домашна адреса. Останатите навивачи на македонската репрезентација кои ќе купат билет за натпреварот ќе добијат електронски ваучер кој на ден на натпреварот ќе треба да го заменат за физички билет на означена локација во близина на стадионот.

Важни напомени за посетителите на натпреварот:

– Стадионот Олд Трафорд има рестриктивна политика за носење на лични торби. Деталите можете да ги погледнете ТУКА

– Стадионот Олд Трафорд работи без размена на готовина. Ниту еден од киосците нема да прима готовина за плаќање, ќе мора да имате платежна картичка.

– Деца на возраст до 14 години мора да бидат во придружба на возрасно лице.

Пуштени во продажба билетите за Македонија – Украина

Македонија без Миовски и со еден дебитант против Украина и Англија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот