Властимир Алексовски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

СДСМ
СДСМ / Фото: МИА

До Централната изборна комисија денеска кандидатура за претседател на СДСМ за вонредните внатрепартиски избори кои ќе се одржат на 12 декември поднесе Властимир Алексовски.

Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово.

Како што соопшти СДСМ, по анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата.

Ова, според партијата, се однесува на сите поднесени кандидатури.

Сите информации за вонредните внатрепартиски избори во СДСМ, правилникот, роковите, онлајн алатката за активна регистрација на членовите, програмите на кандидатите кои ги доставиле во електронска форма се достапни на https://sdsm.org.mk/vonredni-vnatrepartiski-izbori.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот