Влаховиќ наместо Мбапе: Прво да освојам трофеј со Јувентус

Душан Влаховиќ/фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ за француските медиуми зборуваше за гласините дека ПСЖ во него гледа замена за Килијан Мбапе.

Извесно е дека најдобриот играч на парижаните на лето ќе го напушти клубот и дека ќе го засили Реал Мадрид, но не се знае како шампионот на Франција која ќе биде замената за францускиот репрезентативец

Во Париз, наводно, и играчот на Јувентус Влаховиќ го гледаат како една од алтернативите да го замени Мбапе.

– Ги слушнав и прочитав тие гласини за трансфер, но не знам ништо за тоа. Не ме интересираат. Сè што размислувам е како да се подготвам за следната сезона што е можно подобро. Имам уште две години од договорот со Јувентус и среќен сум овде – рече Влаховиќ.

Пред да замине од Јувентус, вели тој, би сакал да освои трофеј со „Старата дама“:

– Сакам да освојам нешто важно со Јувентус, а потоа ќе видиме, ќе разговараме за тоа. Мбапе е најдобриот играч во светот во моментов. На 25-годишна возраст освои речиси се, постигна 40 гола за националниот тим, тоа е многу голема работа – се зборовите на Влаховиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот