Владата месецов ќе го разгледува новиот буџет, проекциите за раст оптимистички: околу три проценти

Фото: МИА

Министерот за финансии Фатмир Бесими вечерва најави дека до крајот на октомври буџетот за 2023 година ќе биде доставен до Владата.

Проекциите за економскиот раст, нагласи, се оптимистички, од 2,9 до 3,1 отсто.

-Се очекува инфлацијата идната година да се ублажи и да биде под просекот од 11,6 проценти колку што е сега, до август. Варијациите се од пет до осум отсто, но калкулациите сѐ уште се различни, рече Бесими, нагласувајќи дека земјава ќе ги усогласи проекциите со ММФ, и во однос на растот и во однос на инфлацијата.

Според министерот, ќе се разгледуваат сите опции за финансирање идната година, дури и можноста за прва обврзница со доларска клаузула.

-Ако се покаже потреба за таков пристап, државата тоа ќе го направи, рече Бесими.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот