Владата ќе ја одржи 51. седница, една од точките препораките за спречување на ширењето на ковид-19

Фото: МИА

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 51. седница, на која, меѓу другото, ќе се разгледаат препораките од состанокот на Главниот координативен кризен штаб за обезбедување целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

На предлог на Министерството за одбрана, како што соопшти владината прес-служба, на седницата ќе биде разгледана Информацијата за степенот на реализација на втората етапа на вториот Национален акциски план за имплементација на Резолуцијата 1325 „Жени, мир и безбедност“ на Советот за безбедност на Обединетите нации (2020-2025) – стратегиска рамка.

Пред министрите, според дневниот ред ќе се најде и Предлог – програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино.

На седницата ќе биде разгледана и Информацијата за потребата од изготвување нова Стратегија на Република Северна Македонија за јакнење на капацитетите за водење финансиски истраги и конфискација на имот, со Акционен план за нејзино спроведување.

За донесените одлуки и заклучоци од седницата, која ќе се одржи преку видеоконференциска интернет врска и која ќе започне на пладне, јавноста ќе биде известена преку соопштение веднаш штом ќе биде завршена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот