Владата го одобри проектот за изградба на нов Клинички центар во Ѓорче Петров

Владата на денешната 148. седница ја усвои Информацијата за започнување на реализација на нов Универзитетски Клинички Центар на гринфилд локација во Скопје и го задолжува Министерството за здравство како договорен орган да ја спроведе постапката за јавна набавка.

„За потребите и реализација на новиот Универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата во Општина Ѓорче Петров од аспект на изведба на инфраструктурни објекти и водови, Министерството за здравство поведува иницијатива за поддршка од надлежните институции (министерства, агенции и органи на извршната власт, општините во Град Скопје и Град Скопје), преку јавните претпријатија во чија надлежност се истите, да ги согледаат можностите за изготвување на потребна документација со техничко решение за изведба на инфраструктурните објекти и водови и со тоа да дадат свој удел во реализацијата на проектот за нов Универзитетски клинички центар на гринфилд локацијата“, соопшти владината прес-служба.

Изградбата на нов, современ и функционален Универзитетски клинички центар во Скопје, како што се посочува, треба да гарантира високо квалитетни здравствени услуги на населението во целата држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот