Вкупниот буџет за Евровизија 2019: 28,5 милиони евра – Радиодифузерот земал заем од Владата – Слободен печат
ЕспресоШоу биз

Вкупниот буџет за Евровизија 2019: 28,5 милиони евра – Радиодифузерот земал заем од Владата

Евросонгот организиран во Тел Авив е еден од најскапите досега.

Кога пред неколку месеци официјално беа пуштени влезниците, цената за сите три вечери беше околу 1.000 евра. Оние кои навреме не си набавиле влезници, сега само за финалната вечер ќе треба да издвојат 1.000 евра, а ни другите работи што им се неопходни на посетителите воопшто не се евтини.

За еден оброк треба да се издвојат 30 евра, бидејќи сокот чини околу 10 евра, а сендвичот 20 евра.
Целосниот трошок за организирање на евровизискиот спектакл се претпоставува дека ќе чини 28,5 милиони евра.

Радиодифузерот КАН има земено заем од 16,5 милиони евра од владата за да ги осигури финансиските средства за Евровизијата. КАН ќе го отплаќа својот долг во следните 15 години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close