Визуелно единство на изложбата „Фотоесеј“ во „Мала станица“

Фотографија од Боро Рудиќ

Фотоклубот „Елема“ од Скопје во просторот на „Мала станица“ при Националната галерија, од 16 до 21 ноември, ја организира втората биенална изложба на фотографии со наслов „Фотоесеј“.

На изложбата се претставуваат 14 еминентни автори од земјава и од странство, а застапени се и млади автори што наметнуваат сериозна зрелост во нивната работа и со пристапот кон фотографската уметност, воопшто.

„Тоа што плени на фотографиите е моментот на визуелно единство и особениот стремеж кон природното, како и надминувањето на рутината во фотографирањето“, забележува Маја Крстевска, виш кустос во Националната галерија.

Фотографија од Филип Лафазановски
Фотографија од Роберто Брсакоски
Фотографија од Владимир Арсовски
Фотографија од Диме Данов

(Текстот и фотографиите се објавени во „Културен печат“ број 106, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 20-21 ноември 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот