Вистинско чудо: Жена која исчезнала пред 30 години пронајдена жива во дом за стари лица

Фото: Архива

Жена од американската сојузна држава Пенсилванија, која исчезнала пред над 30 години, е пронајдена во дом за стари лица во Порторико, јавува американски „Еј-Би-Си“. Властите претходно ја прогласиле за мртва. Растојанието од домот каде некогаш живеела Патриша Копта и местото каде ја пронашле е 2.700 километри.

Сопругот на 82 годишната жена рекол дека му олеснало откако дознал дека таа е сѐ уште жива.

Патриша Копта живеела во Питсбург и често патувала на различни локации поради нејзината работа. Таа ја сакала верата, а како католик често присуствувала на неделните богослужби.

Жената исчезнала во 1992 година. Со години немало трага од неа, освен ако не испратила писмо до нејзиниот сопруг, Боб, во кои наведувала дека ја демнееле.

Додека била во Порторико, таа почнала да боледува од деменција, а потоа била сместена во дом за стари лица.

ДНК анализите потврдиле дека всушност се работи за Патриша Копта. Работела во САД како инструктор по танц. Пред да се омажи, таа често го посетувала Порторико со пријателите.

„Таа ги сакаше океанот, плажата и сонцето“ изјави нејзината сестра Глорија Смит.

Пред да исчезне, лекарите утврдиле дека Копта имала симптоми на шизофренија. Сега, иако со деменција, таа сепак се сеќава на средбата со нејзиниот сопруг.

Исчезнувањето на жената ги шокирале властите и семејството. Полицијата дури се консултирала со психичар сѐ додека нејзиниот сопруг Боб не се сетил на неговата сопруга, која спомнала дека би сакала да оди во Порторико поради убавото време. Тој доставил огласи до порториканските медиуми, но никогаш не добил одговор.

Откако ја сместиле во домот за стари лица, таа рекла дека пристигнала во Порторико со брод од Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот