Само за вистински гурмани: Монголско јунешко 

Unsplash
Unsplash

Веруваме дека ќе биде вистинси предизвик за вас да го подготвите, но несомнено целото ваше семејство ќе ужива во овој специјалитет со јунешко месо. Монголско јунешко е вистинска експлозија на вкусови благодарение на прекрасните зачини и плодови со уникатни ароми.

Состојки:

– 450 грама јунешко месо
– 1 лажица нишесте (по желба)
– 2 чешниња лук
– ¼ лажичка ѓумбир во прав
– 2 ½ – 3 лажици соја сос
– 1 ½ лажица шеќер
– 2 лажици вода
– 3 млади кромитчиња
– 1-2 лажици маслиново масло

Подготовка:

Јунешкото исечкајте го на многу тенки парчиња, потоа поделете го на долги лентички. Лукот истолчете го, а кромитчињата исечкајте ги на долги парчиња (2-3 см). Во еден сад измешајте ги соја сосот, шеќерот и водата, па ставете го садот настрана. Загрејте го маслото во сад на средна температура. Треба да имате доволно масло да го покрие дното од тавата. Земајте ги парчињата јунешко и ставајте ги во нишестето да се налепи на нив (ако користите нишесте). Истресете го вишокот нишесте од месото и ставете го да се пржи во тавата додека добие кафеава боја. Додајте ги лукот и ѓумбирот, пржете кратко. Додајте го сосот што претходно го подготвивте и кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и оставете да се динста на тивко додека почне да се згуснува нишестето и месото добие глазура. Тоа треба да се случи за кусо време. При крај на готвењето, додајте ги младите кромитчиња, промешајте и префрлете го јунешкото во чинија со обарен ориз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот