Високо поетско признание за Санде Стојчевски во Романија

Македонскиот поет и есеист Санде Стојчевски е добитник на високо меѓународно признание на фестивалот „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш“, Романија. Информацијата за наградата ја објави Фондацијата и организацијата посветени на културата „Orient-Occident International Academy“ од Романија, која е основач и организатор на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш“.

Жири-комисијата, во која членуваат видни романски академици, професори и книжевни критичари, едногласно ја доделило наградата за сеопфатниот опус на Стојчевски.

– Големата меѓународна награда за поезија на првото издание на Фестивалот во 1997 година беше доделена на познатиот поет и прозен писател Михаил Ренџов, легенда на европската и на светската лирска поезија. По 25 години, како знак на почит кон поезијата што е пишувана на македонски и на другите јазици од балканските земји, дојде ред на уште еден македонски поет, Санде Стојчевски, да го прими нашето значајно признание. Оваа награда е мотивирана од извонредните квалитети на делото на Стојчевски, поет и високо рангиран толкувач на лирската поезија. Санде Стојчевски е длабок глас на современиот универзален лиризам – истакнато е во образложението на комисијата.

Големата меѓународна награда за поезија на Санде Стојчевски ќе му биде врачена на годинашното 25-то издание на Меѓународниот фестивал „Поетски ноќи во Куртеа де Арџеш“, кое ќе се одржи од 15 до 20 септември 2021 година.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 94, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 21-22 август 2021)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот