Висок функционер на кинеската Комунистичка партија разрешен поради корупција

Кинеско знаме/ Фото EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Високиот кинески функционер Лиу Јанпинг, кој претходно беше задолжен за истрага на корупција во Министерството за јавна безбедност, е исклучен од владејачката Комунистичка партија и сменет од функцијата, откако и самиот беше прогласен за виновен поради корупција, пренесува Ројтерс.

Кинеската Централна дисциплинска комисија (ЦЦДИ) денеска објави дека отворила постапка против Лиу (67), висок функционер за безбедност кој беше казнет пред партискиот конгрес во октомври 2021.

Поранешниот заменик министер за јавна безбедност, Лиу е четвртиот функционер што е разрешен од 2019 година, а според комисијата, неговите главни прекршоци се од политичка природа, додава Ројтерс.

Освен што го критикуваше Лиу за „рушење на идеалите и верувањата“ и „губењето на партиските принципи“, комисијата рече дека тој се приклучил на „политичката банда“ на Сун Лијун, поранешен заменик министер за јавна безбедност, кој беше сменет поради политички престапи и корупција во 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот