Викендов акција за собирање кабаст отпад во Ѓорче Петров

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Викендов ЈП „Комунална хигиена“ во координација со Општина Ѓорче Петров, ќе  организира акција за собирање кабаст отпад во оваа скопска општина.

Во соработка со ЈП „Комунална Хигиена“ организираме акција за собирање на кабаст отпад на повеќе локации во општина Ѓорче Петров во периодот од петок до понеделник. Контејнерите ќе бидат поставени на следните локации: последна 4 – ка Хром, последна 5 – ка Дексион, кај месната заедница во Даме Груев, кај старата полициска станица во УЗ Ѓорче Петров – информира градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски.

Од ЈП „Комунална хигиена“, меѓу другото потсетуваат и дека, во текот на изминатите неколку дена нивните екипи спровеле активности за расчистување на повеќе диви депонии составени претежно од кабаст отпад на територијата на градот Скопје, конкретно на следните локации: на месноста Теферич во Општина Кисела Вода, потоа во Општина Чаир –  Топаана, раскрсница на улицата Џон Кенеди со булеватот Македонско-Косовска бригада, како и на други локации во оваа скопска општина.

Од ЈП „Комунална Хигиена“ најавуваат и дека ќе започнат активности за расчистување диви депонии на неколку локации и во Општина Шуто Оризари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот