Виена им плаќа кирија на корисниците на градските станови

Виена, Австрија/ Фото EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Во рамките на својата антиинфлациска политика, градските власти на Виена на сите станари од 220.000 станови во сопственост на градот ќе им обезбедат финансиска помош во висина од половина од месечната нето цена за изнајмување во септември оваа година.

Ова е дополнителен бонус, во чии рамки градското собрание планира меѓу жителите да подели вкупно 55 милиони евра. Оваа финансиска инјекција ќе ослободи околу половина милион граѓани од плаќање кирија. Како дополнителна мерка, градското претпријатие за стопанисување со станови „Винер Вонен“ на крајот на годината ќе обезбеди уште еден финансиски бонус за станарите чија кирија е зголемена во периодот 2022-2023 година. Вистинскиот износ на оваа помош ќе зависи од стапката на зголемување што се случи во наведениот период.

Последната мерка се состои во олеснување на процедурата за договарање договори за плаќање закупнина. Ова треба да им помогне на оние станари кои имаат заостанати плаќања и се изложени на ризик да го загубат домувањето, објави Фена. Катрин Гал, член на виенската влада, оддел за станбена политика, изградба на станови, урбана обнова и женски прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот