ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Пешева: Над 5.000 бездомни кучиња на улиците на Скопје, само половина од нив стерилизирани

Радмила Пешева – Директорка на „Лајка“ / Фото: „Слободен печат“, Драган Митрески

На Меѓународниот ден на домашните миленици 11 април Скопје со околу 5.000 бездомни кучиња. Од нив само половина се стерилизирани. „Слободен печат“ ја праша Радмила Пешева директорката на „Лајка“ има ли начин да се намали бројката на бездомни кучиња во услови кога постојано се носат улични кучиња од други места во Скопје? Одговорот е дека со ограничени капацитети на стационарот од 150 кучиња, единствен излез е вдомувањето на уличните кучиња.

– „Лајка“ во континуитет заловува кучиња и никогаш не сме под 100 кучиња во нашиот стационар. Од последната анализа која ја направивме во текот на зимата околу 5.000 кучиња во моментов има на скопските улици. Од кои само половина се третирани, вакцинирани, стерилизирани и имаат поминато тест за социјализација. Прочистени се од паразити значи го поминале хуманиот третман. Но ние сме единствено вакво претпријатие, имаме заситеност на капацитетот, имаме и финансиски проблеми бидејќи општините не плаќаат за услугите, во моментов имаат долг од 20 милиони денари-вели Пешева.

ВИДЕОРЕПОРТАЖА | Мисијата на „Лајка“ е да се сведе на минимум бројот на улични кучиња

Таа објаснува дека не успеваат да наплатат скоро ништо иако доколку би имале приход од општините можат да работат многу подобро. Засега се оставени само на финансиска поддршка само од град Скопје.

– Убињето и евтаназијата не се политика на нашето претпријатие и поради тоа има презаситеност на капацитетите. Работиме по принцип залови, стерилизирај и врати. Вдомувањето е единствен начин да се растовари капацитетот. Во моментов има 70 кучиња кои се во стационарот трајно затворени. Останатите кучиња постојано се менуваат-вели директорката.

Таа објаснува дека би можеле многу лесно да ја намалат бројката на улични кучиња доколку на улиците не се фрлаат нови.

– Институциите не си ја вршат работата. Неодамна имавме снимка пратена од граѓани каде пред Влада се истурени голема група на нови кучиња. МВР знае за оваа појава, но од таму не знаат каков налог да издадат да ги санкционираат сторителите, како да казнат-вели Пешева.

Утре отворен ден во „Лајка“, 105 кучиња чекаат вдомување

Според неа Агенцијата за храна и ветеринарство нема начин да го контролира сопствеништвото. Отсуствува цела алка и целиот товар паѓа на ЈП „Лајка“.

– Кога ќе добиеме сознание дека некое куче е повредено или згазено, кога некој ќе се јави, „Лајка“ е прва на самото место за пружање на прва помош. Но ние немаме болница за да го сместиме. Ги замолуваме граѓаните да го понесат товарот на себе делумно или целосно. Имавме сега скоро една приказна кога локален миленик од Аеродром кај поликлиниката „Јане Сандански“ беше прегазен. Се работи за куче женка. Повредата беше сериозна но граѓаните се грижеа за Хана. За рекордно време од два дена се собраа средства за нејзина операција.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Пешева: Скопје преплавено од бездомни кучиња, се носат од приградски населби и други градови

Сега Хана е во добра состојба благодарение на граѓаните кои го платија нејзиното лекување-вели Пешева.

Со неа разговаравме за опасните раси, за неможноста да се најде сопственикот на куче кое е фрлено на улица и покрај чипирањето. Нема податоци за сопственикот. Многу често се случува и странци да оставаат кучиња на улица.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот