ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Д-р Цветковиќ: Драстично зголемување на карцином на кожа, но и на интолеранција на храна

д-р Тихомир Цветковиќ/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Кожата е најголем орган на човековото тело. Дали секоја промена на кожата е аларм за одење на лекар? Кога треба да се посети дерматолог. Дали секоја кашлица е резултат на грип, бактерија или вирус или пак станува збор за алергии? Одговор во утринската програма „Слободен печат“ на Слободна ТВ побаравме од д-р Тихомир Цветковиќ специјалист дерматовенеролог од приватната ординација „Дерма плус“.

– За жал неоспорен е фактот дека карциномот на кожа е драстично зголемен иако свеста кај граѓаните, од година на година се повеќе расте. Нотираме покачување на бројката на заболени иако превентивните прегледи се на повисоко ниво, на повисоко ниво е и свеста на граѓаните, а бројката на детектирани неоплазми на кожа е сè поголема и поголема. Секако после ковидот се нотираат драстично зголемени број на карциноми. Тоа се должи на имунолошката компонента која ја издефинира ковидот кај некои здравствени состојби. Но тоа не е единствена причина. Зголеменото УВ зрачење кое го добиваме од година во година е исто причина плус за зголемениот број на неоплазми-вели Цветковиќ.

д-р Тихомир Цветковиќ/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

Тој апелира до граѓаните доколку забележат дека нешто на кожата има нагол раст и симптоми задолжително да направат консултација со дерматолог.

– Ако забележат некои промени на кожата, ако има бемка на кожата, има црвенило брз раст чешање, пецкање кое е најчесто во одмината фаза веднаш да се консултираат со лекар. Постарата популација нема често навика да посети дерматолог бидејќи не ја третира кожата и не им е приоритет, се запоставува-вели Цветковиќ.

Кожни промени кои може да предизвикаат карцином

Тој вели дека секој пациент кој има матичен лекар за проверка на крвна слика, матичен гинеколог, стоматолог, треба д има и матичен дерматолог кој ќе ни ја проверува кожата барем еднаш годишно.

Околу продолжената кашлица вели дека е честа во зимскиот период, но за да се третира соодветно потребна е соработка меѓу пулмолог и алерголог. За сувоста на кожата, црвенилото и промените вели дека се последица на Атописки дерматитис-болест на кожата најчесто присутен во текот на зимата.

д-р Тихомир Цветковиќ/Слободен Печат/фото Слободан Ѓуриќ

– Официјалните бројки велат дека е двојно зголемен во последните неколку години. Атопичен дерматитис е бариерна дисфункција на кожата. Кај тие дечиња не работи природниот филтер. Станува збор за наследна болест. Над 70 отсто кај деца во првата година се манифестира. Зимата не е период на јавување, но тогаш се потенцираат симптомите. Еден од нив е сувоста на кожата кај сите нас. Зимата ни ја суши кожата, кај тие кои го имаат атопискиот дерматитис е многу потенцирано тоа во текот на зимата. Но таа тогаш не се јавува, туку се потенцира. Човек се раѓа со таа состојба. И како состојба бара долго лекување. Нема конвенционален лек. Тоа е болест која бара трајно лекување-вели Цветковиќ.

Меланом: Подмолни места на кожата каде може лесно да се „скрие“ и да остане незабележан

Со доктор Тихомир Цветковиќ разговаравме за продолжено алергиско кашлање, интолеранцијата на храна, зголемениот број на луѓе со интолеранција на храна, алергии на храна, но одговори добива и на прашањата што е уртикарија, псоријаза и витилиго и како се лекуваат тие болести.

Целото интервју погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот