ВИДЕО+ФОТО | Хронологија на сите скандали на Оскарите: Испади, бакнежи и говори

скандал оскари
Оскари, Фото: Инстаграм. Профимедиа, Принтскрин-Јутјуб

Оскарите ги гледа цел свет, па така сите заедно ги сведочиме скандалите и гладот за внимание на славните. Годинава Вил Смит ја „размрда“ јавноста, но ни прв е, а веројатно ни последен.

Ви изготвивме хронолошки список на сите инциденти, инспади, говори, бакнежи и маскаради на историските филмски награди…

2022: Вил Смит му удира шлаканица на водителот

Комичарот Крис Рок ја најавуваше категоријата „Најдобар долгометражен документарен филм“ кога реши да се пошегува со сопругата на Вил Смит, Џејда која боледува од алопеција и опаѓање на косата. Ја спореди со Џи Ај Џејн, акционата хероина од истоимениот филм, која своевремено ја глумеше Деми Мур со избричена глава.

ФОТО+ВИДЕО | Скандал на Оскарите: Вил Смит го удри в лице и го опцу комичарот на сцена!

2018: Коби Брајант доби Оскар и беше обвинет за силување

Оскарите за 2018 година беа одбележани со бројни говори за феминизмот, кои главно беа насочени против насилството врз жените – актуелната тема во тоа време. Покојниот Коби Брајант доби Оскар за филмот „Dear Basketball“. Коби во 2003 година беше обвинет за силување на вработена во хотелот каде што престојувал, но иако сите обвиненија беа отфрлени, многумина тврдеа дека овој избор за Оскар предизвика контроверзии.

2017: Прогласен погрешен најдобар филм

Феј Данавеј (81) и Ворен Бити (84) требаше да го прогласат добитникот на Оскар за најдобар филм за 2017 година. Некој зад сцената ги заменил пликовите со победниците и наместо „Moonlight“ ги објави победниците на „La La Land“. Кога сфатиле дека е направена грешка, веќе беше доцна бидејќи на сцената излегоа актерите од филмот „La La Land“.

2016: Бојкот на Оскарите

Оскарите во 2016 година беа обележани со масовен бојкот на настанот. Меѓу оние кои избраа да не ја поддржат церемонијата беа сопружниците Вил Смит и Џејда Пинкет Смит. Имено, протестот беше поради тоа што меѓу номинираните и победниците се најдоа исклучиво бели актери. Движењето изврши голем притисок врз Академијата, која мораше да изрази почит на сите актери од која било раса.

2015: Крис Рок ги навреди Азијците

Покрај овогодинешните Оскари, комичарот Крис Рок беше вмешан во уште еден скандал во 2015 година. Рок во еден момент за време на доделувањето на Оскарите донесе на сцената три деца Азијци и ги претстави како луѓе кои ќе ги бројат гласовите на членовите на Академијата. За да ги разбие поделените реакции, тој продолжи со шегата, додавајќи дека тоа се истите деца кои ги прават мобилните што ги користиме. Шегата не помина добро бидејќи колегите на Рок напишаа протестно писмо, а Академијата на крајот мораше да се извини за „погрдната шега“.

2014: Дали „Adele Dazeem“ доаѓа на сцената?

Актерот Џон Траволта требаше да го најави настапот на американската актерка и пејачка Идина Мензел (Idine Menzel), која требаше да ја отпее песната „Let it go“ од анимираниот филм „Frozen“. Наместо тоа, тој ја најави изведбата на „Adele Dazeem“ и никому не му беше јасно кој ќе излезе на сцената. Но, кога излезе Идина, сè беше јасно.

2013: Шега за семејно насилството

Комичарот Сет МекФарлен беше водител на Оскарите во 2013 година. Во еден момент, за време на неговиот говор тој почна да зборува за насилство. „Тоа е приказна за еден човек кој се бори да ја врати  својата сопруга која била подложена на насилство“, рече, мислејќи на приказната за филмот „Django Unchained“. „Или како што го нарекуваат – Ријана и Крис Браун“, додаде на крајот. Не мора ни да се каже колкава реакција од обожавателите ширум светот предизвика.

2011: „Најлошите водители“

Ен Хатавеј и Џејмс Франко беа водители Оскарите во 2011 година. Тие хемиски, не се совпаѓаа многу добро, бидејќи гледачите коментираа дека Џејмс бил тотално смирен, додека Ана била премногу „ентузијастична“. Така тие го добија епитетот „најлошите водители во историјата на Оскарите“.

2009: Кога Шон Пен зборуваше за геј бракот

Актерот Шон Пен со својот говор ги обележа Оскарите во 2009 година. Доби Оскар за улогата на политичар и геј активист. Непосредно пред доделувањето на наградите, Калифорнија ги забрани геј браковите, а кога се качи на сцената, Пен ги посрамоти сите што го дозволија тоа. „Мислам дека е вистинско време оние кои гласаа за оваа забрана да седнат и да размислат за нивниот голем срам и срам во очите на нивните внуци, доколку продолжат со ваквата поддршка“, рече тој.

2006: Оскарот заврши во „погрешни“ раце

Меѓу фаворитите за најдобар филм во 2006 година беше „Brokeback Mountain“ во режија на Анг Ли. Сепак, златната статуетка ја доби филмот „Crash“ и режисерот Пол Хагис. Пол потоа изјави дека не очекувал победа и додаде дека дури и тој верува дека Оскарот го заслужил тогашниот фаворит.

2003: Неочекуваниот бакнеж и напад врз претседателот Буш

На сцената на Оскарите во 2003 година се случи неочекуван бакнеж. Имено, Оскар за најдобра улога во филмот „The Pianist“ доби актерот Адриен Броди. Кога се качи на сцената, отиде кај колешката Хали Бери и силно ја прегрна и бакна. Хали тогаш рекла дека сè се случило спонтано и дека само се препуштила на моментот.

Истата година, Оскарите беа обележани и од режисерот Мајкл Мур, кој доби Оскар за најдобар филм – „Bowling for Columbine“. Тој го искористи својот говор на сцената за да изрази негативно мислење за тогашниот претседател Џорџ Буш. Публиката енергично се изреволтира, а оркестарот брзо почна да свири подобро за да го замолчи.

2001: Бјорк и фустанот лебед

Пејачката Бјорк на Оскарите во 2001 година се појави во незаборавен фустан-лебед и целото внимание го насочи кон себеси. Сепак, не остана запаметен само фустанот, туку и нејзиниот краток настап на црвениот тепих кога се преправаше дека снесува јајца. Нема да се заборави ниту дека оваа креација беше дизајн на австралискиот моден дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски.

2000: Анџелина Џоли и брат ѝ

Анџелина Џоли на Оскарите во 2000 година остана запаметена по нејзиниот необичен говор во кој рече дека е „заљубена во својот брат“. Имено, нејзиниот брат тогаш бил нејзин придружник на доделувањето на наградите, а актерката за време на церемонијата нежно го бакнувала пред камерата. Таа вечер Анџелина ја доби наградата за најдобра споредна женска улога во филмот „Girl, Interrupted“.

Истата година вниманието на црвениот тепих го привлекоа актерите Мет Стоун и Треј Паркер, кои решија да се забавуваат и се појавија во фустани инспирирани од Џенифер Лопез. Сето ова додека халуцинираа со помош на ЛСД. Во живо.

Фото: Фејсбук

1993: Наградата беше искористена за говор против власта

Сузан Сарадон и Тим Рубинс го искористија прогласувањето на победниците за да протестираат поради притворот на позитивните од ХИВ, бегалци од Хаити во заливот Гвантанамо од страна на американските власти. Претседателот на Академијата ова го прокоментира како „невкусно и нефер“ однесување на оскаровската сцена.

Заедно со Сузан и Тим, актерот Ричард Гир одржа говор истата вечер за човековите права во Кина и нефер односот кон Тибетанците. Поради тоа требаше да му биде забрането да учествува во доделувањето, но Холивуд на крајот заборави.

1986: Шер и периката

Пејачката Шер на доделувањето на наградите во 1986 година, прошета во разголен фустан на црвениот тепих со аксесоар – огромна перика. Иако не доби Оскар за актерското достигнување во филмот „Moonstruck“, нејзиниот настап остана запаметен.

1973: Марлон Брандо го одби Оскарот

Во далечната 1973 година, Марлон Брандо доби Оскар за улогата во „The Godfather“, но не го прими тој, туку ја испрати Сашин Литлфедер на сцената да раскаже за односот кон Индијанците во филмската индустрија.

Копола застанал зад својата визија: Денес „The Godfather“ слави 50 години

1969: Не се појави и ја изгуби статуетката

Во 1969 година, Барбра Стрејсенд и Кетрин Хепберн добија ист број гласови при изборот на најдобра актерка. И двајцата имаа 3.030 гласови, а статуетката ѝ припадна на Барбра бидејќи Кетрин не се појави на доделувањето на наградите.

1964: Бакнеж во образ или скандал

Сидни Поатје е првиот Афроамериканец кој освоил Оскар за главната улога во филмот „Lilies of the Field“. Актерката Ен Банкрофт го бакна во образ за време на доделувањето на наградата, предизвикувајќи скандал.

1961: Оскаровска афера

Легендарната Елизабет Тејлор беше прогласена за најдобра актерка во 1961 година за нејзината улога во филмот „Butterfield 8“. Елизабет во филмот ја игра Глорија Вандроус, модел кој заработува пари преку кратки љубовни врски со богати спонзори. Таа самата го нарече својот лик „ку*ва“ што немаше да биде иронично доколку немаше афера со Еди Фишер, кој беше во брак со Деби Рејнолдс.

1942: „Citizan Kane“ не е најдобриот филм?

„How Green Was My Valley“ беше прогласен за најдобар филм на Оскарите во 1942 година. Меѓу номинираните беше и „Citizan Kane“ и никому по доделувањето на наградата не му беше јасно како, денес еден од најдобрите филмови на сите времиња, не освои златна статуетка.

1936: Првиот што одби Оскар

Дадли Николс ќе остане запаметен како првиот што ја одбил наградата во далечната 1936 година. Сè поради солидарноста со тогашниот штрајк на писателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот