ВИДЕО+ФОТО | Фустан на Антониа Гиговска ставен на аукција: Парите од продажбата ќе бидат донирани на девојка која се бори со карцином

Антониа Гиговска/Фото: Инстаграм

Секогаш совршено стилизирана, младата пејачка е инспирација за своите бројни фанови. На социјалната мрежа „Инстаграм“ активно ја следат скоро 100.000 следбеници, од нашата земја како и голем дел од балканските земји, особено соседна Србија.

Фото: Принтскрин / Instagram

Нашата позната пејачка Антониа Гиговска постојано е во чекор со светските трендови. За нејзиниот изглед „од глава до пети“ се грижи професионален тим на стилисти од нашата земја како и од надвор од границите. Гиговска од самиот почеток работи со врвни професионалци, не само околу создавањето на музика туку и околу нејзиниот комплетен изглед како млада музичка ѕвезда која допрва ја очекува блескава кариера.

Фото: Принтскрин / Instagram

Неодамна пејачката заедно со 2Бона објавија нова песна „Хиена“ која за краток период  на „Јутуб“ има повеќе од 200 000 прегледи.

Фото: Принтскрин / Instagram

Пејачката во спотот се појавува во неодолив свилен фустан со отворен дел кај деколтето и гол грб кој одлично и прилега и ја истакнува нејзината витка фигура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANTONIA GIGOVSKA (@antoniagigovskaa)

Имено, пејачката истакна дека многу и се допаѓа фустанот и дека сакала да го задржи за себе, но поради голем интерес одлучи да го продаде на аукција и парите да ги донира во хуманитарни цели…

Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот