Фото: Слободен печат-Принскрин

ВИДЕОАНКЕТА | Колку народот „паѓа“ на балканска романтика?

Од балкански совети, до песни, промаја и романтика… 

„Слободен печат“ се прошета под сенките на ГТЦ да ги анкетира граѓаните на теми кои сите ќе нè насмеат.

Анкетата ја започнавме со прашањето:
-Кој е најтипичен балкански совет што сте го добиле?

-Не се секирај, ќе помине – одговори една госпоѓа.

Друга ни објасни дека најтипична фраза би била:

– Ајде бе, сè за народ.

Најчести „бабини“ совети се тие за „промајата“, кажа една госпоѓа велејќи дека доколку спиеме со отворени прозорци, ќе настрадаме.

А пак друга госпоѓа ја додаде „класиката“:

– Кој рано рани, две среќи граби.

На прашањето што за нив значи балканска романтика, „бурек или цвеќе“, добивме интересни одговори.

– Мислам дека да ме носи на бурек, тоа е поголема романтика – одговори една госпоѓа.

Имаше и неколку госпоѓи кои повеќе се одлучија за цвеќе отколку за „романтичен состанок“ со бурек.

Следното прашање кое го поставивме беше:

– Ако животот ви беше балканска песна, која ќе беше?

Добивме многу одговори, некои саркастични, некои на смеа, а некои и од мака.

– Балкан е мојот од Азра.

– Со маки сум се родила, е таа! – смеејќи се ни одговори една жена.

Еден помлад дечко го сумираше животот со една песна:

„Боље бити пијан, него млад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот