
ВИДЕОАНКЕТА: Како граѓаните ја доживуваат моменталната состојба во Газа?
Каква е моменталната состојба во Газа? Голем дел од секојдневните вести, а и социјалните мрежи секојдневно се преплавени со информации, обвинувања и политички ставови.
Препорачано
„Слободен печат“ ги праша граѓаните како ја доживуваат моменталната состојба и дали веруваат дека е можно трајно решение меѓу двете страни.
Некои од анкетираните беа резервирани, а дел искрено признаа дека не се доволно информирани за темата.
– Тоа се работи што сигурно ние обичните луѓе не ги знаеме. А гледам дека многу луѓе по социјалните мрежи коментираат, верувам дека и тие ништо не знаат, но сакаат да коментираат. И мислам дека никој не знае што се случува за да точно знаеме каква е таму ситуацијата – рече еден млад човек.
Еден друг случаен минувач додаде:
– Мислам дека треба да се прекине што порано.
Поголемиот дел од анкетираните беа воздржани – некои без конкретен став.
– Не сум компетентна, искрено, да разговарам. Искрено, за такви тешки теми – рече една млада девојка.
На прашањето дали гледаат можност за мир во Газа, ставовите беа поделени.
– Секако, да – одговори еден од анкетираните.
– Се надевам… не знам дали ќе се среди. Не изгледа како да се средува веќе долго време – додаде една девојка.
Имаше и коментар од една девојка, кој нè потсети дека треба со емпатија да гледаме на целата ситуација и да имаме поширока перспектива на гледањето на животот и на состојбите:
– Мислам, такви се луѓево денес – секој си гледа за себе. Секој да се стави на спротивната страна, мислам дека сè може да се среди, дури и такви тешки ситуации, ама малку потешко – вели таа.