Германскиот тенисер Александер Зверев/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

ВИДЕО: Зверев против Алкараз за трофејот на „Ролан Гарос“

Германскиот тенисер Александер Зверев успеа да обезбеди пласман во големото финале на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ во Париз, Франција.

Четвртиот светски рекет во второто полуфинале го победи Каспер Руд од Норвешка по пресврт со резултат 3:1 во сетови. По повеќе од два и пол часа игра резултатот беше 2:6, 6:2, 6:4, 6:2.

Зверев во финалето ќе се бори со Карлос Алкараз, во борбата за првиот Грен слем трофеј во кариерата. Шпанецот претходно го елиминираше Јаник Синер.

Алкарас и Зверев годинава веќе одиграа два меча и забележаа по една победа. Зверев беше подобар во четвртфиналето на „Австралија опен“, а Алкараз му се реваншираше во финалето на Индијан Велс.

Вкупно во девет дуели до сега германскиот тенисер има пет победи. За Зверев ова ќе биде второ финале на Грен слем турнирите, а второ сезонава по Мелбурн. Тој претходно беше неуспешен во 2020 година на „УС Опен“.

Финалето помеѓу Алкараз и Зверев ќе се игра в недела на „Филип Шатрие“ од 15.00 часот. Во истиот термин в сабота ќе се игра и женското финале помеѓу првата носителка Ига Швјонтек од Полска и Јасмин Паолини од Италија (15, ВТА).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот