ВИДЕО: Златан „гази“ и во петтата деценија од животот

Златан Ибрахимовиќ и на 40 години ја покажува својата физичка сила/Фото: Принтскрин/instagram.com/iamzlatanibrahimovic/

Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ објави феноменално видео од теретана, кое најдобро ја покажува неговата импресивна физичка сила.

Ибра напорно вежба во теретаната, иако оваа сезона има многу проблеми со повредите и имa 40 години, популарниот Ибра и натаму игра на врвно ниво и во подоцнежните години не се откажува од напорните тренинзи, кои секако му ја продолжија кариерата.

Со оглед на тоа што неговиот договор со Милан е со важност до крајот на оваа сезона, прашање е дали Ибрахимовиќ ќе остане во дресот на „росонерите“, но барем според него, тој не размислува за крај на кариерата и планира уште да игра фудбал.

Сезонава одигра 19 натпревари во сите натпреварувања и постигна осум гола, запишувајќи две асистенции.

Во италијанската Серија А „росонерите“ се на третата позиција со 52 бодови, колку што има и второпласираниот Наполи, само еден помалку зад водечкиот Интер.

Во својата најнова објава на Инстаграм Ибрахимовиќ само напиша: „Трпение“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот