ВИДЕО: Жота му донесе победа на Ливерпул, еден гол му беше доволен на Арсенал за триумф

Диого Жота му донесе победе на Ливерпул/ фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Фудбалерите на Ливерпул со 2:0 го совладаа Лестер во 24 коло од Премиер лигата и ја продолжија потерата по лидерот на табелата, Манчестер сити.
Иако настапија без Садио Мане и Момахед Салас, но менаџерот Клоп немаше проблеми бидејќи во својот тим го има и Диого Жота.

Португалецот ги постигна двата гола за триумф на Ливерпул кој сега има 51 бод, девет помалку од Сити, но има и натпревар помалку од лидерот.
Првиот гол го даде во 34 минута, а вториот со кој ја завери победата на „црвената“ го постигна во финишот од натпреварот, во 87 минута.

Арсенал од тешкото гостување кај Вулверхемптон успеа да се врати со три бода и тоа благодарение на голот на Габриел во 25 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот