ВИДЕО: Жиру е херојот на Милан кој славеше важна победа над Специја

Оливие Жиру постигна победнички гол за Милан/фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Фудбалерите на Милан ја победија Специја со 2:1 во рамките од 13 коло во Серија А на својот „Сан Сиро“.

Актуелниот шампион на Италија не блескаше против незгодниот ривал, Тео Ернандез донесе водство за „росонерите“ во 21 минута.

Во вториот дел гостите израмнија преку синот на легендарниот Паоло Малдини, Даниел во 59 минута од средбата. Домаќините успеаја да постигнат втор гол во 67 минута, но истиот беше поништен од ВАР поради претходен фаул.

Победата за Милан ја донесе Оливие Жиру во 89 минута по асистенцијата Тонали, а потоа Французинот беше исклучен поради два жолти картони, но тоа не влијаеше на резултатот.

Играчите на Стефано Пиоли го искористија поразот на Аталанта од Наполи и се искачија на второто место.

Серија А
13 коло, резултати –

Емполи – Сасуоло 1:0
Салернитана – Кремонезе 2:2
Аталанта – Наполи 1:2
Милан – Специја 2:1

Табела:

1. Наполи 35 бодови
2. Милан 29
3. Аталанта 27
4. Рома 25
5. Лацио 24
6. Интер 24

18. Сампдорија 6
19. Кремонезе 6
20. Верона 5

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот