ВИДЕО | Вучиќ се пофали дека може да испие многу вино: Испив над 100 чаши, тоа што не ми е ништо е друга работа

Фото Принтскрин Твитер

Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој присуствува на саемот „Винска визија на отворен Балкан“ во Белград, каде е домаќин заедно со лидерите на Албанија, Македонија и Црна Гора воопшто не криеше колку го сака виното.

На телевизиите во Србија се емитуваше дегустацијата на вино од страна на Вучиќ, при што самиот претседател се пофали дека може „многу да пие“.

– Немојте повеќе, луѓето ми броеа, испив повеќе од 100 чаши, тоа што не ми е ништо, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам – се пофали претседателот на Србија во телевизиски пренос.

Во еден момент советничката за медиуми Сузана Васиљевиќ се обиде да ја земе чашата, проба од виното и сакаше да ја тргне настрана, но тој ја грабна назад и продолжи да пие.

– Само да пробам – рече Сузана Васиљевиќ, која по една голтка почна да ја враќа чашата на Вучиќ на трибината, но тој беше убедлив: „Не, не, не…“ и му ја зема назад чашата со вино од човекот на штандот.

Васиљевиќ потоа се обиде да го фати претседателот за рака, но тој се оттргна и со еден поглед и покажа дека е време да се откаже и да се оддалечи од него, што на крајот таа и го направи.

– Се плаши да не испив премногу, добро е – рече српскиот претседател кога ја земал чашата, на што Сузана Васиљевиќ се надоврзала со коментар дека „не се уплашила, туку дека го чека албанскиот премиер“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот