ВИДЕО | Војната со дронови продолжува: Експертите објаснуваат зошто Русите сега користат дронови и колку е деструктивна нивната моќ

Дронови Камиказа фото EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Украина ја обвини Русија дека користи беспилотни летала „камикази“ против цивилни цели во Киев. Тие носат експлозиви кои се активираат при удар, уништувајќи го дронот.

Дрон „Камиказа“ /EPA-EFE/SERGEI ILNITSKY

Што се беспилотни летала камикази?

Се верува дека Русија го користи беспилотното летало Шахед-136 од иранско производство во конфликтот во Украина од средината на септември. Русите го нарекуваат и Гераниум-2, има експлозив во боевата глава и е дизајниран да лебди над целта додека не добие наредба за напад. Шахед-136 има распон на крилата од околу 2,5 метри и тешко е да се открие на радарот. Не е јасно колку точно има Русија, но САД рекоа дека Иран планира да испрати стотици во Русија. Иран го негираше ова.

Микро дроно/ МИА

Како Украина се бори против нив?

Украинските вооружени сили користеа противвоздушни ракети и електронски уреди за попречување во обид да ги соборат овие беспилотни летала. Во почетокот на октомври, украинските вооружени сили објавија дека пресретнале 60% од сите напади на беспилотните летала Шахед-136. Сепак, и самите признаа дека е многу тешко одбраната од нив да биде 100 процентна
„Тие летаат ниско и можете да ги забележатие дека се движат во бранови. Со овие смртоносни роеви беспилотни летала против воздушната одбрана многу потешко може да се спротивстави , велат западните воени експерти.

Принтскрин

Дали Украина употребува дронови во борбите ?

Не е јасно дали Украина досега користела дронови во воените дејствија , но експертите веруваат дека можеби биле употребени во неодамнешните напади изведени врз руска воена база во западен Крим, воздушна база во близина на Севастопол и бродови во пристаништето Севастопол.

Од катедрата за одбранбени студии на Кралскиот колеџ во Лондон, веруваат дека експлозиите во овие напади, се прилично мали.и дека најверојатно се работи за домашно изработени дронови со прикачен експлозив“.

Какви други типови на дронови имаат армиите на Украина и на Русија?

Главното украинско воено беспилотно летало е Бајрактар ​​ТБ2 од турско производство. Тој е со големина на мал авион, има камери и може да биде вооружен со ласерски водени бомби. На почетокот на војната, Украина имаше флота од „помалку од 50, анализираат воените експерти

САД објавија дека и испраќаат на Украина 700 дронови Switchblade, кои исто така се беспилотни летала камикази. Русија користи и „помал, поосновен“ Орлан-10, кој има камери и може да носи мали бомби.

Како се користеле воените дронови?

За двете страни, Русија и Украина, беспилотните летала се ефикасни во лоцирањето на непријателските цели и насочувањето на артилерискиот оган кон нив.

„Руските сили можат да го позиционираат своето оружје и да го вперат кон непријателот во рок од само три до пет минути откако дронот Орлан-10 ќе ја забележи непријателската цел“,.сметаат експерите за оружје

„Доколку сакавте да барате непријателски позиции во минатото, ќе требаше да испратите единици на специјалните сили … и во тие извидивуачки задачи може да изгубите неколку војници. Сега, сè што ризикувате е беспилотно летало“, велат западните експерти

Во првите неколку недели од војната, украинските беспилотни летала Бајрактар ​​беа широко пофалени.

„Тие беа прикажани како напаѓаат цели како што се магацини и складишта за муниција на руската армија и одиграа улога во нападот и потонувањето на воениот брод „Москва“.

Сепак, Бајрактар ​​е големо беспилотно летало кое бавно се движи, а Русија успеа ефикасно да му се спротивстави со своите системи за противвоздушна одбрана.

Фото: ЕРА

Може ли да се најде ефективна примена на на цивилните беспилотни летала во воените дејствија ?
Замената на воените дронови е скапа – еден Bairaktar TB2 чини околу 2 милиони долари (1,7 милиони фунти). Затоа, двете страни – но особено Украина – користат и мали, комерцијални модели, како што е DJI Mavic 3, кој чини околу 1.900 евра. Овие комерцијални дронови можат да бидат опремени со мали бомби. Сепак, тие главно се користат за извидување лоцирање на непријателските трупи и директни напади.

„Украина нема толкаво количество на муниција како Русија. Имајќи поголем увид преку податоците кои се добибаат од извидувачките дронови, украинската артилерија може попрецизно да делува врз непријателските цели велат западните аналитичари

Но, комерцијалните дронови се многу помалку способни од воените. На пример, вкупното растојание на DJI Mavic е само 30 километри, а може да лета најмногу 46 минути. Русија користи електронски уреди за да им се спротивстави, однсно да ги попречи и тие сами да се урнат.

„Руските сили имаат пиштол „Ступор“, кој испушта електромагнетни импулси“, Ова ги спречува комерцијалните беспилотни летала да навигираат со помош на ГПС, објаснуваат западните воени експерти за софистицирано оружје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот