ВИДЕО | Ужасна глетка во Тетово: Два коња се мачат да фатат чекор врзани за камион кој вози низ приметен булевар

Фото: Слободен печат

Снимката која ја регистрираше „Слободен печат“ како два коња се врзани со јаже на камион кој вози низ булеварот „Индустриска“, поточно на кружниот тек на влезот во Тетово е секојдневна глетка.

За полесен транспорт животните се впрегнуваат и на други превозни средства кои мачејќи се го следат возилото.

Од СВР Тетово, велат дека се регистрирани вакви случаи особено кога во Тетово е пазарен ден, па животните се впрегнуваат на возила да се однесат на пазар.

Она што загрижува како што додаваат од полицијата е што ваквите појави ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот оти има и случаи како животни се движат и по автопатите.

За ваквите прекршители има опомени, но и казни.

Освен „учесници во сообраќајот“, животните во Тетово се и редовни посетители на парковите.

Порталб објави фотографии од коњи и магариња како пасат во тетовскиот скејтепарк, каде што зеленилото со недели не е искосено.

„Веќе неколку дена животните се тука, не си одат. Никој не ја коси тревата. Како да е штала местово“, вели еден од сопствениците на фирми во близина на паркот.

И останатите зелени површини кои се малку на број не се косат редовно, па истите се преворени во „градски пасишта“ погодни за да се прехрани тетовскиот добиток.

ФОТО: Најголемиот парк во Тетово не се одржува, урбаната опрема уништена или украдена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот