ВИДЕО | Уште една магична асистенција на Јокиќ од половина терен

Фото: Screenshot

Eкипата на Денвер продолжи да чекори кон одбраната на титулата со победа и на вториот натпревар во новата сезона откако славеа на гостински терен против Мемфис со 108:104.

Никола Јокиќ повторно доминираше на паркетот и натпреварот го заврши со 22 поени, 12 скока и седум асистенции. Но, имаше голема поддршка и од Џамал Мареј кој исто така уфрли 22 поени.

Јокиќ се истакна и со уште една маестрална асистенција во негов стил. Српскиот кошаркар од половина терен го пронајде Арон Гордон кој со забивање поентираше на 30-тина секунди пред крајот на натпреварот.

Иако е само почеток на сезоната многу веројатно дека оваа асистенција на Јокиќ ќе влезе во потесна конкуренција кога ќе избираат најатрактивните потези во сезоната.

ВИДЕО | Колку лесно изгледа кошарката кога го гледате Јокиќ…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот