ВИДЕО Украински дронови ја нападнаа Москва, еден повреден

Украински беспилотни летала ја погодија Москва рано утринава, при што едно лице е повредено о оштетени се згради, а летовите на аеродромот Внуково се прекинати, јави агенцијата ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека украинско беспилотно летало е уништено во воздух над областа Одинцово, а уште две се урнале во Москва, пренесува ТАСС.

 

Едно лице е повредено во експлозијата во зградата, јави ТАСС, повикувајќи се на итните служби.

Аеродромот е затворен за пристигнувања и полетувања, соопшти агенцијата. Градоначалникот Сергеј Собјанин претходно изјави дека фасадите на две деловни згради се оштетени, но дека нема жртви, пренесува ТАСС.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот