ВИДЕО| Украински дронови го нападнаа Курск, оштетена административна зграда

Фото: Profimedia

Административна зграда во центарот на Курск, Русија, е оштетена во напад на украинско беспилотно летало, изјави началникот на областа Курск, Роман Старовојт.

Тој изјави дека во нападот е малку оштетен покривот на административната зграда, пренесе РИА Новости.

Украинските вооружени сили речиси секој ден ги гранатираат руските погранични територии и вршат напади со беспилотни летала, додава агенцијата.

Минатиот месец украинско беспилотно летало предизвика значителна штета кога удри во железничката станица во Курск, при што пет лица беа повредени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот