ВИДЕО | Убава вест: Ослободен таткото на Луис Дијаз

Фото: EPA-EFE/Ricardo Maldonado Rozo

Драмата со киднапирањето на таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз на крајот доби среќен крај.

Таткото на колумбискиот фудбалер денеска е ослободен од рацете на терористичката организација „ЕЛН“. Медиумите во Колумбија пишуваат дека мисијата за ослободување на таткото на Дијаз започнана неделава, а заедно со Обединетите нации и со помош на Црквата преговорите со терористите биле успешно завршени.

Потрагата по таткото на Дијаз започна на 28. октомври кога беше киднапиран заедно со неговата сопруга која за кратко време беше ослободена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот