ВИДЕО: Уапсен тројниот убиец кој во Пенсилванија ја уби сестрата, маќеата и партнерката

Специјалци упаднаа во куќата во која вооружениот Андре беше забарикадиран со заложници/Фото: Скриншот

Во саботата попладне, специјалните сили ја опколија куќата во Трентон каде што Гордон се забарикадираше и по упадот го приведоа убиецот.

Во крвавиот ги убил маќеата (52), сестрата (13) и поранешната партнерка (25) со која има две деца.

– Во саботата наутро, Андре најпрво се возел до куќата на својата маќеа на Њу Порт Лејн во Левертаун и таму ги застрелал маќеата и неговата 13-годишна сестра. Во куќата имало уште три лица, меѓу кои и едно дете, но тие успеале да се скријат и да се спасат.

Убиецот потоа со автомобил се упатил кон куќата на својата поранешна партнерка, со која има две деца , каде убил и избодел едно лице кое било во куќата, изјави за американските медиуми надлежниот јавен обвинител.

По убиствата, Гордон побегнал од местото на настанот со сива хонда ЦРВ од 2016 година со регистарска табличка од Пенсилванија и налепница „Namaste“ со бели букви на десниот браник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот