ВИДЕО: Уапсен фудбалер кој удри судијка на натпревар во Аргентина

Напаѓачот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за напад и повреда/Фото: Принтскрин/twitter.com/haluandotco

Брутален напад врз женски судија се случи претходниот викенд на натпревар од аргентинска лига помеѓу нисколигашите Гарменсе и Депортиво Индепенденсија.

Несреќната 30-годишна судијка Далма Магали Кортади доби силен удар од играчот на Гарменсе, Кристијан Тироне.

Кортади сакаше да ги смири тензиите на теренот. Додели два жолти картони, но приговорите од двете страни не престанаа.

Помошниците дојдоа да ѝ помогнат, но не обрнаа внимание на Тироне кој истрча одзади. Кортади падне, но стана изненадувачки брзо и со насмевка.

Дополнителни удари спречија присутните на теренот, а потоа полицијата го приведе разбеснетиот фудбалер. Кортади со полесни повреди беше примена во болница. Напаѓачот е уапсен и против него е поднесена кривична пријава за напад и повреда.

– Завршив во болница поради удар во главата и неколку гребаницина рацете. Поднесов жалба поради напад на работа. Натпреварот беше мирен, ништо не се случи до тој момент. Тоа го направи при водство на својот тим од 2:1 и поради обичен фаул. Сега е најважно правдата да стигне во овој случај. Овој човек повеќе не треба да игра фудбал – изјави Кортади.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот