ВИДЕО: Тргна поворката со ковчегот со телото на кралицата од Балморал кон Единбург

Поворката со ковчегот на кралицата Елизабета тргна од Балморал/Фото; Скриншот

Поворката со ковчегот со телото на починатата кралица Елизабета Втора тргна од замокот Балморал во Шкотска.

Погребната поворка полека ќе ја минува рутата долга 280 километри од Балморал до Единбург за луѓето да можат да и оддадат последна почит на кралицата.

Поворката ќе помине низ шкотските градови Абердин, Данди и Перт, што ќе трае околу шест часа.

Долж рутата има илјадници луѓе кои чекаат да и оддадат последна почит на кралицата.

Ковчегот ќе биде положен во Холирудхаус, кралската резиденција во Единбург, каде што ќе остане до утре попладне.

 

Никогаш не ја преболе смртта на принцот Филип – Кралицата Елизабета почина од скршено срце!?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот