ВИДЕО | Tрета победа за Денвер и уште еден дабл-дабл за Јокиќ

Фото: EPA-EFE/RHONA WISE SHUTTERSTOCK OUT

Денвер и Никола Јокиќ се радуваа и во третиот натпревар од сезоната во НБА лигата.

Јокиќ уфрли 28 поени и додаде уште 14 скокови и пет асистенции во триумфот против Оклахома (128:95). Уште во првата четвртина Денвер направи двоцифрена предност која до крајот на натпреварот само се зголемуваше.

Покрај Јокиќ одличен беше и Портер со 20 поени и девет скокови. Џамал Мареј додаде 19 како и Холмгрен од редовите на Оклахома.

Демијан Лилард кој одигра фантастично претходно во деби мечот за Милвоки сега беше непрепознатлив и за 29 минути на паркетот имаше само шест поени со шут 2/12. Предводник на Атланта беше Тре Јанг со 20 поени и 11 асистенци, кај Милвоки Адетокумбо постигна 26 поени и запиша уште 11 скока.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Оклахома – Денвер 95-128 Хјустон – Голден стејт 95-106 Милвоки – Атланта 110-127 Филаделфија – Портланд 126-98 ЛА Клиперс – Сан Антонио 123-83 Сакраменто – ЛА Лејкерс 132-127.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот