ВИДЕО | Tрагедија на трка во Шри Ланка: Автомобил излета во публика, загинаа најмалку седум лица

Фото: Screenshot

Трагични вести пристигнуваат од Шри Ланка каде што на трка најмалку седум лица го загубиле животот, а над 20 се повредени.

Несреќата се случила кога автомобил со голема брзина на патеката „Фокс Хил“ во близина на главниот град на Шри Ланка влетал во луѓето кои стоеле покрај патеката.

Медиумите пренесуваат дека овој настан се одржувал за првпат по пауза од пет години и затоа интересот бил голем, наводно трката во живо ја следеле околу 100.000 луѓе. За жал на крајот се завршило со трагедија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од несреќата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот