ВИДЕО: Тотенхем славеше во лондонското дерби и остана на врвот во Премиер лигата

фото: EPA-EFE/ISABEL INFANTES

Фудбалерите на Тотенхем продолжуваат со одличните настапи во Премиер лигата и славеа во првиот натпревар од 10 коло на гостувањето кај Кристал палас со 1:2.

После првото полувреме во кое мируваа мрежите, во вториот дел Тотенхем дојде до победата, најпрвин водство му донесе Ворд кој си постигна автогол во 53 минута, а трите бода ги потврди Сон во 66 минута по асистенцијата на Џонсон.

Во финишот од средбата домаќините само го ублажија поразот (90+4`) со голот на Ају, а асистент беше Андерсен.

Тотенхем е на првото место со 26 бодови и по ова коло сигурно ќе остане на врвот, бидејќи Манчестер сити кој својот меч ќе го има в недела, има моментно 21 бод на втората позиција.

Кристал палас кој веќе три натпревари по ред не знае за триумф е на 11 место со 12 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот