ВИДЕО | Торино ја продолжи кризата на Наполи, Лацио подобар од Удинезе

Фото: EPA-EFE/Alessandro Di Marco

Наполи никако не успева да пронајде излез од резултатската криза и денес беше убедливо поразен од Торино со 3:0.

По поразот од Рома и ремито од Монца, денес избраниците на Валтер Мацари ги разочараа навивачите и против Торино. До водство Торино стигна со голот на Санабрија во финишот од првиот дел.

Лошо започна за Наполи и второто полувреме бидејќи Мацоки во 50-тата минута заработи црвен картон и го остави својот тим со играч помалку. Само две минути подоцна Торино дојде и до 2:0 со голто на Власиќ. Конечните 3:0 ги постави Бонџорно во 66-тата минута.

Во вториот натпревар во истиот термин Лацио со 2:1 го совлада Удинезе и освои важи три бода. Пелегрини ги доведе гостите во водство по 12 минтуи игра, а во вториот дел Валас стрелаше за Удинезе и Весино за Лацио.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот