ВИДЕО: Торес го урна Атлетико Мадрид на „Камп Ноу“, Барса сè поблиску до шампионската титула

фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Барселона го совладаа Атлетико Мадрид со 1:0 (1:0) во дербито од 30 коло во најквалитетната шпанска лига.

Погодокот вреден три бода на стадионот „Камп Ноу“ го реализираше Феран Торес во 44 минута.

Рафиња убаво го пронајде Торес кој со еден прецизен удар успеа да ја затресе мрежата на голманот на „јорганџиите“, Облак.

По 24 триумф сезонава во „Ла Лига“, каталонскиот гигант ја прекината низата од две нерешени средби без постигнат гол и моментно е на првото место со 76 бодови, 11 повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.

За составот на Диего Симеоне ова беше шести пораз во шампионатот, сега е третопласиран со 60 бодови, шест повеќе од четвртопласираниот Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот