ВИДЕО | Тие се толку добри другарки! Анџелина Џоли ѝ ја втурна главата на Селма Хаек во тортата

Фото: Инстаграм

Холивудската актерка со мексикански корени Селма Хаек штотуку наполни 55 години. На нејзината мини прослава, друштвото било мало, но избрано, а славната ѕвезда Анџелина Џоли била меѓу гостите.

И било многу интересно, а згора на сѐ, никој не ни очекувал дека Анџелина и Селма се толку блиски пријателки!

Прво, сите присутни извикувале: „Мордира, мордира“, а потоа главата на славеничката Селма завршила во тортата!

Зошто?

Бидејќи „мордира“ значи „да загризеш“ на мексикански, а обичај е славеникот прв да се почести.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

И токму Анџелина била таа која ѝ ја втурнала главата на Селма во роденденската торта, после што слатко се смеела покривајќи го лицето со рацете.

Анџелина и Селма глумат во новиот филм на Марвел „The Eternals“, чија премиера се очекува на почетокот на ноември.

Селма претходно објави фотографија во син костим за капење со којашто си го честиташе 55-от роденденот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Salma Hayek Pinault (@salmahayek)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот