ВИДЕО | Тејлор Свифт ѝ посвети песна на девојката која почина на концертот: Публиката во солзи

Фото: Инстаграм/ Taylor Swift

Тејлор Свифт ѝ оддаде почит на обожавателката која почина на нејзиниот концерт во Рио де Жанеиро, а нејзиниот потег до солзи ги трогна обожавателите во публиката.

Да потсетиме, 23-годишната Ана Клара Беневидес почина од срцев удар за време на концертот, а бразилските медиуми јавуваат дека температурата на стадионот достигнала 60 степени Целзиусови и дека било забрането да се носи вода на концертот, поради што пејачката ги замолила луѓето од обезбедувањето да им донесат вода на обожавателите.

По трагедијата Свифт ја одложи вториот концерт, а на следниот ѝ оддаде почит на починатата девојка со песната „Bigger Than the Whole Sky“ во која зборува за незамислива тага и болка.

@tswift_22 BIGGER THAN THE WHOLE SKY (SURPRISE SONG NO.2) @ THE ERAS TOUR RIO, BRAZIL (N2) 🇧🇷 #taylorswift #swiftie #swifties #taylornation #swifttok #tswift #riotstheerastour #erastour #fyp ♬ Bigger Than The Whole Sky – Taylor Swift

„Збогум, до гледање, до гледање, ти беше поголема од целото небо, беше поголема од краткото време“, се вели во текстот на песната, а пејачката со овој потег ги расплака обожавателите кои пишуваат дека Свифт плачела додека пеела.

„Свиреше за девојка која умре, ова ќе ме расплаче“, напишал еден обожавател, а друг продолжил: „Плачам за Ана и за песната“.

„Ова ми го скрши срцето“, „Тејлор плачеше“, „Можеш да ја слушнеш тагата во нејзиниот глас“ и „Можеш да кажеш дека се бори, влијанието на она што се случи. Нејзиниот глас… Нејзините емоции…“ се дел од коментарите…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот