ВИДЕО | Стеф Кари по пет години одигра натпревар без постигната тројка

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Првпат уште од 1. декември 2018. година кошаркарот на Голден Стејт, Стеф Кари не успеа да постигне тројка на еден НБА натпревар.

Низата на Кари траеше 268 натпревари во кои барам еднаш погодуваше тројка. Во победата на Голден Стејт над Портланд од 118:114, НБА ѕвездата доживеа вистинско фијаксо. Натпреварот Кари го заврши со само седум поени со шут од игра 2/12 и 0/8 за три поени.

Претворено во денови низата на Кари беше долга неверојатни 1.865 дена. Интересно е што Кари ја има и втората најдолга низа за натпревари со три поени од 111 натпревари, додека Демијан Лилард во овој момент е на 101 натпревар.

Милвоки со 128 беше подобар од Хјстон, а расположени за игра беа Лилард кој стигна до дабл-дабл од 39 поени, 11 асистенции и 5 скокови и Јанис Адетокумбо кој исто така имаше дабл-дабл со 26 поени, 17 скокови и три асистенци. Во редовите на Хјустон Ван Влет беше најефикасниот со 22 поени.

Во последниот натпревар Феникс предводен од Кевин Дурант и Букер го совлада Вашингтон со 112:108. Дурант натпреварот го заврши со 28 поени, а Букер со еден помалку. Галфорд за Вашингтон постигна 26 поени и додаде 17 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот