ВИДЕО | Спектакл во Тексас: Барселона убедлива против Реал Мадрид

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Барселона го совлада Реал Мадрид со конечен резултат 3:0 во пријателски натпревар кој беше одигран во Тексас, САД.

Овие два шпанска гиганти секогаш привлекуваат вниманието, така беше и овојпат, вкупно 82,026 гледачи присуствуваа на стадионот „AT&Т“.

Играчите на Чави Ернандез поведоа во 15 минута преку Усман Дембеле. Само пет минути подоцна „кралевите“ можеа да израмнат од пенал, но Винисиус Јуниор не беше прецизен од белата точка.

Вториот гол на Барса беше постигнат во 85 минута преку младиот Ферин Марин, а истиот беше асистент на третиот погодок кој го реализираше Феран Торес.

Барселона до крајот на подготовките ја очекуваат уште два контролни меча, против Милан (2 август) и Тотенхем (8 август), додека Реал ќе тестира против Јувентус на 3 август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот