ВИДЕО: Спектакл во Бундес лигата, „милионерите“ на колена пред Борусија Менхенгладбах

Рами Бенсебаини („Борусија Менхенгладбах“) еден од стрелците во триумфот против „милионерите“/фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Фудбалерите на Борусија Менхенгладбах го совладаа составот на Борусија Дортмунд со 4:2 во натпреварот од 15 коло на германската Бундес лига.

Домашните поведоа уште во четвртата минута преку Хофман. Но, само 15 минути подоцна Јулијан Брант го израмни резултатот.

Потоа, реализираше Бенсебаини во 26 минута, а Тирам во 30 минута се погрижи за предност на Мехгладбах од два гола разлика – 3:1.

До полувремето Шлотербек во 40 минута го намали резултатот на 3:2. Само што започна вториот дел од натпреварот, Хофман по голот запиша уште една асистенција, овојпат до Коне во 46 минута за 4:2.

Бундеслига, 15 коло

Петок –

Борусија Менхенгладбах – Борусија Дортмунд 4:2

Сабота –

15.30 Аугзбург – Бохум
15.30 Баер Леверкузен – Штутгарт
15.30 Херта – Келн
15.30 Хофенхајм – Волфзбург
15.30 Вердер – Лајпциг
18.30 Шалке – Баерн Минхен

Недела

15.30 Мајнц – Ајнтрахт Франкфурт
17.30 Фрајбург – Унион Берлин

Табела:

1. Баерн Минхен 31 бпд
2. Унион Берлин 27
3. Фрајбург 27
4. Ајнтрахт Франкфурт 26
5. Лајпциг 25
6. Борусија Дортмунд 25
7. Борусија Менхенгладбах 22
8. Вердер 21
9. Волфзбург 20
10. Хофенхајм 18
11. Мајнц 18
12. Келн 17
13. Баер Леверкузен 15
14. Аугзбург 15
15. Штутгарт 14
16. Херта 11
17. Бохум 10
18. Шалке 9

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот